Во полициска акција уапсени дилери од Сарај и Глумово

Фото: Архива

Полицијата поднесе кривични пријави против Р.П. (38) од скопското село Сарај и против Б.С.(37) од селото Глумово. Двајата се осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од полицијата известуваат дека по претходно добиена судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С. при што бил пронајден кокаин, а при претрес во домот на Р.П. била пронајдена и одземена марихуана.

Судија на претходна постапка на дилерите им одреди 30 дневен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот