Во полициска акција во Србија 1000 мигранти префрлени во прифатни центри, откриено оружје и муниција

-Помошник директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави денес дека во акцијата што започна во четвртокот попладне набргу по вооружениот инцидент што се случи на подрачјето на Хоргош, полицијата извршила детален преглед на теренот и открила околу 1.000 мигранти кои биле пренесени во прифатните центри, јави дописникот на МИА од Белград.

Васиљевиќ во изјава за РТС, истакна дека полицијата при претресот на теренот пронашла одредена количина оружје и муниција.

-По однос на вооружениот инцидент во четвртокот, по пријава за пукање, за вооружен конфликт меѓу група шверцери и илегални мигранти, полицијата веднаш реагирала и презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело. Тие се главно државјани на Авганистан и Мароко. Инаку, во болницата во Суботица со повреди дошле шест лица и тие се под полициски надзор, изјави Васиљевиќ.

Тој рече и дека е пронајдено претежно автоматско оружје, пиштоли и одредена количина муниција, а при претрес на теренот на гардеробата кај одреден број лица биле пронајдени симболите на Ослободителната војска на Косово.

-По наредба на министерот, формирана е нова работна група која се занимава со безбедносни прашања, особено за територијата кон Унгарија, Северна Македонија и Бугарија, во која членуваат припадници на Управата за гранична полиција, Жандармеријата, Управата за криминалистичка полиција, Управата на полицијата, САЈ и други полициски служби, изјави помошник-директорот на полицијата Васиљевиќ и ги повика граѓаните веднаш да пријават во полиција доколку почувствуваат некаква нелагодност кога се во близина на мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот