Во полициска акција приведени 12 дрвокрадци во Струшко

Нелегално сечење дрвја на Шар Планина / Фото: СП. архива

На планината Караорман во полициска акција фатени се 12 дрвокрадци, осум албански и четворица македонски државјани и запленети се околу 30 метри кубни огревно дрво.

СВР Охрид денеска соопшти дека по преземени координирани мерки од полициски службеници од Единцата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумската полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми” во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда лишени биле од слобода 12 лица на возраст од 23 до 49 години.

– Лицата се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на самото место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата, додаде, се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот