Во подземна пештера во Грција пронајдени четири безживотни тела

Фото: Unsplash

Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање.

Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Причините за смртта, како и која била причината што четворицата мажи се нашле во пештерата, официјално не се познати, а надлежните работат на расчистување на случајот.

Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање.

Сепак, не постои официјална потврда на овие информации.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека телата биле пронајдени на длабочина од пет метри, а акцијата на полицијата и противпожарната служба започнала по пријавата од роднина на еден од загинатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот