Во Подгорица одржан вториот протест за смена на Ѓукановиќ

Главното барање, Ѓукановиќ да поднесе оставка, организаторите му го врачија уште во среда, на првиот протест.

 Во Подгорица синоќа се одржа вториот политички протест што го организира Групата граѓани „Пресврт” (П(ре)окрет) , а од кој се бараат фер избори и оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ.

Весникот „Вијести” наведува дека демонстрантите бараат и повлекување на спорниот Закон за слобода на веросиповедта.

Учесниците во протестот, кои се организирани под паролата „Мора да си замине”, прво се собраа пред зградата на претседателот на Црна Гора , а потоа заминаа во протестна прошетка, пренесе „Вијести”.

Главното барање, Ѓукановиќ да поднесе оставка, организаторите му го врачија уште во среда, на првиот протест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот