Во Подгорица пронајден кокаин во пакет со банани

Фото Фејсбук

Во магацинот на логистичкиот центар „Воли“ во Подгорица, пронајдена е сомнителна материја во пакет со банани, за која постои сомневање дека е кокаин, пренесува Вијести.ме.

Од повеќе извори на полициската управа, за овој медиум велат дека полицијата била повикана од страна на вработените во маркетот, по што била направена истрага.

Полицијата ќе истражува дали се работи за кокаин и доколку е така како завршил во магацинот на Воли.

Оваа информација не е официјално потврдена или демантирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот