Во Питсбург се урна мост, во воздухот се чуствува мирис на гас

Во американскиот град Питсбург денеска се урна мост, а спасувачките служби итно пристигнале на местото на несреќата, јавува АП.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 06:00 часот по локално време.

На фотографијата од местото на несреќата се гледа како автобус стои исправено на делот од мостот кој се урна.

Засега нема информации за повредени, објави Службата за јавна безбедност на Питсбург на Твитер. Гасоводот е пресечен и во воздухот се чувствува гас, додаваат од оваа служба.

Локалните власти го предупредија населението да го избегнуваат тој дел од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот