Во петок министерска средба на ЕУ за санкции кон Белорусија

Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Министерска средба на шефовите на диопломатии на ЕУ за санкциите против Белорусија е закажана за в петок, по спорните избори во неделата и насилното задушување на демонстрациите организирани по тој повод.

Откако Александар Лукашенко прогласи победа, избувнаа три дена немири во кои се судрија демонстранти и полиција, а еден демонстрант го загуби животот во полициската интервенција.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја осуди „несоодветната употреба на сила” од страна на белоруската полиција и најави мерки на ЕУ, без да наведе какви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот