Во петок истекува рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

Овој петок (30 септември) истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари кои посетуваат настава во едно од основните училишта на територија на Општина Аеродром.

– Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром секој работен ден до 15.30 часот. Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari – стои во објавата од Општината.

Оттаму меѓу другото велат дека, тие како локална самоуправа остануваат посветени на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци кои се товар на секој семеен буџет.

– Родителите се ослободени од дополнителните трошоци за време на престојот на нивните деца во градинка, парична помош е предвидена за секое ново прваче, а од оваа година најмладите посетуваат и бесплатни часови по пливање како дел од наставната програма – велат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот