Во Паркот на Франкофонијата се одржа тридневната бајка „Планетата Ѕвездалија“

Паркот на Франкофонијата и Мобилната галерија на Центарот за современа уметност – Скопје, од 26 до 28 декември беа претворени во „Планетата Ѕвездалија“ – бајковито место за сите големи и мали деца.

Во текот на трите дена на планетата Ѕвездалија се славеше детството, креативноста и фантазијата. Актерите од Театарот „Златен Елец“ ги водеа децата низ интерактивна претстава работена според Бон-тонот и „Сликовницата на Халки“. Најмалите уживаа и во играта со љубопитното слонче Халки и учеа важни теми, како прифаќање, убаво однесување, другарство, еко-свест и слично.

– Годината 2021 за Халкбанк помина во знакот на децата и фокусот на нивната едукација за многу важни теми. Нашата корпоративна стратегија и понатаму е насочена кон поддршка на нивната креативност, формалното и неформалното образование, како и подигнување на свеста за животната средина. „Планетата Ѕвездалија“ беше едно убаво претпразнично заокружување на сите наши идеи. Посебно силен и емотивен момент беше настапот на 11-годишниот Хамза Драголовчанин кој ја доби наградата за најдобар расказ на нашиот конкурс „Инклузија – сите деца се исти“. Токму на Ѕвездалија, тој го прочита наградениот расказ за дете со аутизам и борбата со предрасудите на средината. Задоволни сме што силните пораки, важни за целото општество, допираат најпрвин до најмладите, а потоа и до сите останати – подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк Скопје.

Низ работилниците на планетата Ѕвездалија поминаа многу деца кои ги изработија најубавите лампиони од природни материјали, под менторство на уметникот Доротеј Нешовски, а писателката Ана Голејшка Џикова им помагаше да ги состават најубавите писма до Дедо Мраз.

Посебен интерес имаше за работилницата за цртање колачи со дизајнерката Емилија Ќипроска, брендот 4U и нивната иновативна линија на функционални колачи. Учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ беа едукатори во делот за цртежи и честитки и најубавата изложба на отворено. Организатор на „Планетата Ѕвездалија“ е Халкбанк и нивниот Халки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот