Во паркирано товарно возило откриени 8 мигранти

Фото: Илустрација

Во Царинска испостава „Табановце”, полициски службеници од Полициска станица Табановце, вчера во задниот товарен дел на паркирано товарно возило пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција.

Од МВР денеска соопштија дека вчера во 10.30 часот по пријава на М.Б.(53) од Р.Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото.

– Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано, се наведува во соопштението од МВР.

За настанот бил известен jавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот