Во Париз конференција за помош на Судан

На денешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со лидерите на африканските нации и на меѓународни организации се преговараше за намалување на долгот и за поголема глобална поддршка за преодната влада на Судан.

Макрон беше домаќин на генерал Абдел Фатах Бурхан, шеф на владејачкиот совет на Судан и премиерот Абдал Хамдок, а присуствуваа и лидерите на соседните држави Египет и Етиопија, како и генералната директорка на Меѓународен монетарен фонд, Кристалина Георгиева и претседателот на Комисијата на Африканска Унија, Муса Факи Махамат.

Елисејската палата соопшти дека целта на денешната конференција е изнаоѓање на начини за интензивирање на инвестициите во Судан и оти се преговара за намалување на долгот.

Бурхан истакна дека состанокот е „историска шанса” за Судан и оти е „порака за мир и соработка” по 30-годишна меѓународна изолација.

По суданската револуција во 2019 година, армијата со смени долгогодишниот лидер Омар ал Башар.

Суданската преодна влада презеде низа мерки изминатите месеци за трансформација на економијата и повторно се придружи на меѓународната заедница по повеќе од две децении изолација.

– Важно е да ги имплементирате започнатите храбри економски реформи кои водат кон транзиција, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција ќе обезбеди 1,5 милијарди долари за Судан за да и помогне на африканската земја да го исплати огромниот долг кон ММФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот