Во Палермо бесплатно ноќевање можно во 50 хотели, Италија бара храбри туристи
По доаѓањето во објектот за сместување, неопходно е на увид да ја дадат авионската карта.
Туристите кои ќе резервираат четири ноќи во еден од 53-те хотели во сицилијанскиот град Палермо, а до главниот град на Сицилија пристигнат со авион, ќе платат само три ноќевања, додека едното ќе им биде бесплатно со цел промоција на туризмот по излегувањето од блокадата поради пандемијата.
Има се повеќе хотели кои се заинтресирани за иницијативата на локалното здружение на хотелиери Федералберги во соработка со менаџметот на аеродромот во Палермо која ќе трае во текот на 2020 година, пренесуваат сицилијанските медиуми.
Туристите и туристичките агенции кои се заинтересирани може да ја видат понудата на хотелите кои се придружија на иницијативата на сајтот на аеродромот Палермо (aeroportodipalermo.it ) и да се определат за хотел, а по доаѓањето во објектот за сместување, неопходно е на увид да ја дадат авионската карта.
Италија од 3 јуни, по речиси три месеци блокада ги отвори границите за доаѓање на туристи од земјите на ЕУ и Шенген, а Европската унија ќе може да ги отвори надворешните граници за државите од Западен Балкан на почетокот на јули, препорача Европската комисија.