Во Пакистан откажани протестите, потврден е бојкот на француска стока

Пакистан / Фото: EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

 Пакистанските исламисти денеска објавија дека се откажани најавените радикални протести против објавувањето карикатури на пророкот Мухамед во Франција, затоа што пакистанската Влада се согласи да го поддржи бојкотот на француските производи.

Поради објавување на карикатури на пророкот Мухамед во Франција илјадници револтирани демонстранти вчера излегоа на улиците на пакистанскиот главен град Исламабад и се судрија со полицијата.

– Ги откажуваме најавените протести затоа што пакистанската Влада потпиша дека се согласува официјално да го поддржи бојкотот на француската стока, изјави Ејаз Ашрафи, претставник на ултрадесничарската, конзервативна исламистичка партија Техрик-и-Лабаик.

Владата сè уште не потврдила таква согласност, но некои светски агенции кои имале увид во копија од документот потврдија дека е потпишан од двајца пакистански министри.

Ашрафи изјави дека документот предвидува во рок од два до три месеци да се спроведе парламентарна постапка за протерување на францускиот амбасадор од Пакистан и повлекување на пакистанскиот амбасадор од Франција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот