Во Пакистан нема да има целосна забрана за движење, државата не е доволно силна за да ги издржи последиците

Пакистан / Фото: EPA-EFE/SOHAIL SHAHZAD

Пакистан нема да воведува целосна забрана за движење на луѓето заради пандемијата од коронавирусот, бидејќи таа ќе влијае врз 25 отсто од населението кое живее под границата на сиромаштијата.

Пакистанскиот премиер Имран Кан ги замоли граѓаните да се самоизолираат доколку почуствуваат било каков симптом на коронавирусот. Тој кажа дека Пакистан ќе ја преброди заразата доколку луѓето соработуваат и ги одбегнуваат социјалните контакти.

Додаде дека пакистанската економија не е доволно силна за да ги субвенционира оброците на сиромашните доколку државата биде ставена во карантин.

Само неколку минути по обраќањето на Кан, гувернерот на пакистанската провинција Синд најави целосна забрана за движење во оваа провинција во следните две недели.

Синд е најзагрозената провинција во која речиси 300 лица се позитивни на тестот за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот