Во пакет наменет за затвореник пронајдена дрога

Во СВР Штип, вчера од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот била пронајдена прашкаста материја, информира МВР.

-Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото, при што во пакет наменет за осуденото лице Р.А.(34) од Куманово била пронајдена прашкастата материја, која е одземена и предадена за вештачење- велат од МВР.

По комплетирање на случајот МВР ќе поднесе соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот