Во овие земји можете да купите најевтини половни возила

Според просечната цена користените автомобили во Франција се најскапи (цена 22.995 евра).

Еден од најпознатите интернет портали за продажба на половни автомобили ја објави просечната цена на овој вид возила на клучните европски пазари.

Според просечната цена користените автомобили во Франција се најскапи (цена 22.995 евра), а потоа следуваат Германија (18.377 евра), Австрија (18.126 евра), Шпанија (17.586 евра), Белгија (16.855 евра), Холандија (15.654 евра), додека најевтините се во Италија (14,446 евра).

Што се однесува до автомобилите кои се стари една година, тие се најевтини во Шпанија (28.630 евра) и во Германија (28.721 евра). Возилата стари три години се најскапи во Австрија (29.659 евра), потоа следат Германија (26.849 евра), а најевтините се во Италија (22.700 евра).

За автомобили меѓу три и пет години и постари, најмногу се плаќа во Франција, додека Германија е во средината на ова рангирање, а Италија е најевтина.

Нема понатамошна анализа на оваа веб-страница, но треба да се напомене дека Италија е најголемиот пазар за микро автомобили, како што е „Фиат Панда“, и затоа веројатно цените се малку пониски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот