Во овие скопски населби има најмногу заразени со ковид – 19

Маж вози велосипед во близина на споменикот на Јосип Броз Тито во Скопје
Гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од регистрирани  1085 нови случаи на Ковид-19 при направени 3294 тестирања во изминатите 24 часа, најмногу или речиси половина се во Скопје 447.

Според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи по општини најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101

Во Шуто Оризари се 48, Студеничани – 20,  Сарај – 35, Арачиново -9, Сопиште – 40, Чучер Сандево – 24, Петровец –30 и Зелениково -16

Во Скопје досега се регистрирани 13621 случаи на Ковид-19, а активни во моментов се 4584.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја, пак, од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.

ВИДЕО: Полициски час од полноќ до 5 часот наутро во Грција, над 2.000 нови случаи за еден ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот