Во организација на ССНМ и МИМ: Онлајн работилница за предизвиците на новинарите за време на ковид-кризата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) организираат онлајн работилница на тема „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации”

Дел од темите за кои ќе се разговара на работилницата се прашањата дали постои страв кај медиумските работници од можни последици додека известуваат од терен за ковид кризата, дали новинарите при известувањето во кризни ситуации успеваат да повлечат линија меѓу професионалното и личното и можат ли самите да се справат со промените кои пандемијата им ги внесе во професионалниот живот.

Работилницата е дводневна и ќе се одржи на онлајн платформата ЗУМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот