Во Општина Гевгелија се самоизолирани 250 лица

Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

– Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро, рече денеска епидемиологот Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

Епидемиологот Олумчев појасни дека тестирањето на граѓаните ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари и преку „Мој термин”.

Тој апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и доколку имаат типични симптоми да се јават кај нивните матични лекари кои преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестираат или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот