Во општина Гази Баба советник навредувал службеничка и физички сакал да ја нападне

фото Архива

Неколкумина советници од општина Гази Баба вчера морале да интервенираат и да спречат нивен колега физички да нападне службеничка во општината, соопшти МВР.

„На 05.05.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(42) од Скопје пријавила дека на 29.04.2021 околу 14.30 часот на нејзиното работно место во објектот на општина Гази Баба, А.Т. – советник од една политичка партија ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници“, се вели во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот