Во операција на Интерпол на Балканот спасени десетици жртви на трговија со луѓе

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Жртвите биле принудени да проституираат, да работат присилно и да питачат.

Најмалку 89 жртви на трговија со луѓе, вклучително и седум деца, се спасени, а десетици  се уапсени во операцијата на Интерпол против организирани криминални групи на Балканот, соопшти меѓународната полициска организација.

Жртвите биле принудени да проституираат, да работат присилно и да питачат.

Во операцијата со кодно име „Тезеј” учествуваа 3.000 полицајци од осум земји, вклучително и Албанија, Молдавија и Турција. Акциите се одвиваа на граничните пунктови, станиците, автобуските станици и квартови.

Операцијата на Интерпол е извршена минатиот месец и траеше една недела. Во неа биле уапсени 72 трговци со луѓе и 167 други лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот