Во октомври во зоолошка градина ќе пристигнат фламинга од Германија

Скопската зоолошка градина ќе биде збогатена со нови жители кои се очекува да пристигнат во октомври. Станува збор за фламинга, кои во Скопје ќе допатуваат од Германија. Нивното живеалиште веќе се подготвува, и истото ќе се состои од затворен и отворен дел, со неколку мали езерца, по сите светски стандарди.

Покрај фламингата, следната пролет од Виена во зоолошката ќе допатуваат и африкански пингвини во чие живеалиште ќе има базени, ќе бидат поставени и вентилатори за ладење, а внатрешниот дел ќе биде целосно климатизиран, информира Тина Мицковска, портпарол на Зоолошката градина.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот