Во Охрид се одржа натпреварот „Куп на Македонија“ во карате, критериумски за СП во Турција

„Куп на Македонија“ во карате се одржа во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид/фото: kfm.com.mk

Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, во саботата се организираше натпреварот „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во карате.

Овој натпревар беше критериумски за определување на репрезентативци за настап на Светското првенство во карате кое ќе се одржи од 26 до 30 октомври 2022 година во Конија, Турција.

Настанот го отвори претставникот од советот на општина Охрид, Перчо Божиновски, кој го отвори ова натпреварување, а во оваа прилика на идните репрезентативци им посака успех на претстојното СП.

Во јуниори ката индивиуално во женска конкуренција првото место го освои Анастасија Минговска, а во машка конкуренција првопласиран е Марио Димчевски.

Во У-21 кумите индивидуално во женска конкуренција (-61 кг.) прво место освои Викторија Јовановска, а во У-21 кумите индивидуално (-75 кг.) кај мажите најдобар е Марио Свинарски.

Сите резултати од ова првенство може да се погледнат на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот