Во Охрид приведен скопјанец баран со потерница

Апсење / Фото: МИА

Вчера во 21.00 часот на Кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.В. (31) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Видео на денот