Во Охрид полициска „шкода“ удри дете на велосипед

Фото: МИА / илустрација

Синоќа во 22,50 часот во Охрид на ул.„7-ми Ноември”, во близина на бензинска пумпа патничко моторно возило “шкода” сопственост на МВР удрило во малолетен велосипедист од Охрид.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид и известен е Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот