Во Охрид на советничка листа се најдоа шест брачни парови

Советничката листа на Левица во Охрид / фото: принтскрин

Шест брачни парови се најдоа на советничката листа на Левица во Охрид, објави Фокус, а тоа го потврдуваат и од раководството на партијата во градот. На листата има вкупно 23-ца кандидати за општинскиот совет, а повеќе од половината од нив се брачни партнери.

„Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест“, вели за Фокус носителката на листата, Виолета Аврамоска.

На прашањето, доколку сопружници успеат да влезат во Советот, дали на тоа се гледа како на чекор кој би донел продуктивност за граѓаните, или пак би можело да има несакани ефекти во носењето на одлуки, Аврамоска е категорична и тврди дека сите активисти си работат посебно, без оглед на тоа дали се сопружници или не.

„Сите тие активисти си работат посебно, секој со своите способности. Секој од нив придонесе да се изгради огранокот во Охрид. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти“, тврди Аврамоска, појаснувајќи дека во своите редови имаат неколку правници, асистент на архитектонски факултет, студенти на медицина и на правен факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот