Во Охрид изминатата седмица 221 новозаразен со Ковид-19, во Струга 181, 34 во Дебар

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Седмичниот извештај на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 21 до 27 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 221 лице од Охрид, 181 лице од Струга и 34 лица од Дебар.

Во Охрид има 614 активни случаи на коронавирус, во Струга 427, а во Дебар 91. Во односниот период оздравени се 176 лица од Охрид, 115 лица од Струга и 25 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани по три смртни случаи во Охрид и Струга и два во Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 3405 лица во односните општини и тоа 1551 лице во општините Охрид и Дебрца, 1399 лица во општините Струга и Вевчани и 455 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 949 пациенти од Охрид, 898 од Струга и 341 пациент од Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс досега е 52 починати од охридско, 88 од струшко и 21 лице од Дебар и Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот