Во Охрид 35 активни случаи на коронавирус, во Струга 45, во Дебар 32

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 26 септември до 2 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 15 лица од Охрид, 16 лица од Струга и пет лица од Дебар.

Во Охрид има 35 активни случаи на коронавирус, во Струга 45, а во Дебар 32. Во овој период оздравени се 25 лица од Охрид, 38 лица од Струга и 13 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани два смртни случаи поврзани со КОВИД-19, обата од Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден КОВИД-19 е регистриран кај вкупно 1395 лица во односните општини и тоа 432 лица во општините Охрид и Дебрца, 676 лица во општините Струга и Вевчани и 287 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 377 пациенти од Охрид, 570 од Струга и 276 пациенти од Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс досега е 96 починати и тоа 20 од охридско, 61 од струшко и 15 лица од Дебар и Центар Жупа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот