Во очи на посетата на Ричард Гренел косовската полиција затвори булевар по дојава за можна бомба

Анти-бомбашката единица на косовската полиција денес во очи на посетата на Специјалниот пратеник на претседателот Трамп за дијалог Белград-Приштина, Ричард Гренел го затвори булеварот Бил Клинтон, во центраниот дел на Приштина,  по дојава за сомнителен куфер.

По извршениот увид на куферот за кој постоело сомнеж дека има бомба припадници на анти-бомбашката единица пронајдоа облека и лични предмети што некој ги заборавил.

Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, ја потврди веста.

„Околу 13:00 часот беше завршен прегледот на сцената на улицата „Бил Клинтон“. Ништо сомнително не беше пронајдено во куферот“, изјави таа за медиумите, и додаде дека полициските службеници успеале да го идентификуваат сопственикот на куферот.

Посетата на владината делегација од САД е особено значење за Србија и за Косово, бидејќи дел од американската делегација се специјалниот претставник во преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји, Ричард Гренел и Извршниот директор на Меѓународната корпорација за финансирање на развој (ДФЦ), Адам Белер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот