Во Њујорк во ден ден починаа 332 лица, заразени 1193 полициски службеници

ФОТО: ЕРА

Додаде дека во Њујорк има над 75.000 заразени и дека „работите нема така брзо да се вратат во нормала“.

Според податоците на Ворлдметерс ова утро во светот се забележани 785.807 случаи со зараза од коронавирусот, починаа 37.820 лица, а излечени се 165.659 луѓе.

Првото место по бројот на случаи го презеде САД со 164.253 случаи, а почина 3.167. Следува Италија со 101.739 случаи и 11.591 смртни исходи. Тие две земји засега се единствените кои имаа над 100.000 случаи. Следуваат Шпанија –  87.956, Кина – 81.518 и Германија – 66.885.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, соопшти денеска дека бројот на починатите од коронавирусот во таа држава порасна на 1.550, во однос на вчерашните 1.218.

Додаде дека во Њујорк има над 75.000 заразени и дека „работите нема така брзо да се вратат во нормала“.

Си Ен Ен јавува дека 1.193 вработени од њујоршката полиција се позитивни на новиот вид на коронавирус и дека околу 15% од работната сила остануваат на боледување.

Според анализата на Си Ен Ен бројот на заразени во американската сојузна држава Њујорк почнува да забавува. Просечната стапка на дневниот пораст на новозаболени во последните 7 дена изнесуваше 17% во однос на 58% во претходниот седумдневен период.

Инаку денеска бројни жители на Њујорк, меѓу кои и поранешниот градоначалник Рудолф Џулијани, се собраа на доаѓањето на бродот болница „Комфорт“. Со тоа секако ги прекршија мерките за социјално дистанцирање.

Најмалку 575 лица во САД починаа денеска од коронавирусот, според Си Ен Ен. Тоа е најголем број на пријавени смртни случаи во еден ден откако изби епидемијата во САД. Вкупно починаа 3004 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот