Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Според најавите од кабинетот на српскиот претседател, како што јави дописникот на МИА, тема на состанокот е поврзување на пазарите на земјите од регионот и отстранување на различните бариери за водење бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.

„Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан“, објави Заев на својот профил на Фејсбук, додавајќи дека за оваа тема денеска ќе разговара со Вучиќ и Рама.

Прочитајте и...  Адвокатот на Џорџ Флојд: Има докази дека убиството е извршено со умисла

Според Заев, постои неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан.

Според неофицијални извори на синоќешната вечера било разговарано и за Декларацијата која треба да биде усвоена на денешната трилатерална средба.

Прочитај повеќе

Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин

Слободен печат

Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот

Слободен печат

Индија против наездата на скакулци се бори со дронови и противпожарни возила

Слободен печат

Австрија ќе ги отстрани нацистичките симболи од куќата на Хитлер, еве како ќе ја пренамени

Слободен печат

Се гласа масовно преку пошта во осум сојузни држави и во округот Колумбија

Слободен печат

ОН: Талибанците во Авганистан и натаму се во близок контакт со Ал Каеда

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Агенција за разузнавање: Директорот Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија

Слободен печат

Путин потврди дека на напад со конвенционално оружје Русија може да одговори со нуклеарно

Слободен печат

Во Италија опаѓа бројот на смртните случаи од Ковид-19

Слободен печат

Тестовите на градоначланикот на Бутел се негативни на ковид-19

Слободен печат

Османи: Секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом

Слободен печат

Истражување на Тајмс: Тајната на „балканскиот успех против коронавирусот“ и влијанието на бесеже вакцината

Слободен печат