Во новата рунда на тестирања во Премиер лигата без позитивни на корона
По првите три рунди во кои беа направени повеќе од 2.700 тестови, а без забележани 12 позитивни случаи на ковид-19, во последната серија на тестирања која беше спроведена во четвртокот и петокот не донесе ниту еден позитивен тест.
Во последната серија биле направени 1.130 тестови без ниту еден позитивен, што е одличен сигнал за рестарт на Премиер лигата.
BREAKING: 0 positive results from 1130 samples in Round 4 of Premier League #COVID testing.
Follows:
– 4 positives (3 clubs) from 1008 in R3
– 2 positives (2 clubs) from 996 in R2
– 6 positives (3 clubs) from 748 in R1Total 12 positives from 3882 tests@TheAthleticUK
— David Ornstein (@David_Ornstein) May 30, 2020
Екипите добија дозвола од понеделник да имаат тренинзи без ограничувања, односно дозволени се и тренинзи со физички контакти.
Официјалниот рестарт на на Премиер лигата, односно продолжувањето на сезоната е закажано за 17. јуни, а до крајот треба да се одиграат уште девет кола. Лидер на табелата е Ливерпул на кого му се потребни само уште шест бода за да ја освои титулата која ја чека 30 години.