Во Норвешка се водат преговори меѓу претставници на венецуелската власт и опозиција – Слободен печат
ВестиПланета

Во Норвешка се водат преговори меѓу претставници на венецуелската власт и опозиција

Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека не ги коментира можните улоги во потенцијалните мировни преговори или оние кои се во тек.

Во Норвешка во тек се преговори меѓу венецуелската Влада и опозицијата, потврди денеска венецуелскиот амбасадор во ОН Хорхе Валеро. Средбата се одржува со цел да се изнајде решение за кризата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро.

– Да, се водат разговори меѓу владата и демократскиот дел на опозицијата…венецуелската Влада сака дијалог, истакна Валеро, одговарајќи на новинарско прашање. Валеро го осуди мешањето на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зајакна санкциите против венецуелската влада и отворено застана зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател. Валеро го нарече Трамп воен злосторник.

– За жал, постои и опозиција која поттикнува на војна, терористичка и фашистичка…марионета на американското царство, истакна Валеро.

Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека не ги коментира можните улоги во потенцијалните мировни преговори или оние кои се во тек.

– Норвешка со голема загриженост ја следи ситуацијата во Венецуела. Силно ги охрабруваме страните да најдат политичко и мирно решение за да се избегне натамошна ескалација, соопшти портпаролката на норвешкото МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close