Во Нигерија повторно киднапирани 70 ученици

Деца од Нигерија /Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Вооружени напаѓачи синоќа киднапирале повеќе од 70 средношколци во северозападна Нигерија, соопшти полицијата, последниот во долгата низа киднапирања во училишта, пренесува Ен-Би-Си.

Масовните киднапирања кои бараат откуп на северот и центарот на земјата сега се на насловните страници скоро секоја недела во таа африканска земја, која е со најголем број жители.

Киднаперите утрово упаднаа во училиште во Каја, во близина на Марадун, во државата Замфари и киднапираа 73 ученици, се вели во соопштението на портпаролот на државната полиција.

„Киднапирањето се случи откако голем број вооружени разбојници упаднаа во училиштето“, рече портпаролот Мохамед Шеху, додавајќи дека полицијата работи со војската за да ги ослободи учениците.

Властите во државата Замфари воведоа ограничувања за ноќниот сообраќај, а основните и средните училишта се привремено затворени, изјави министерот за информации на земјата, Ибрахим Досара.

Државите на северот и центарот на земјата долго време се борат со големи безбедносни проблеми, особено со криминални групи кои напаѓаат, ограбуваат и изведуваат масовни киднапирања во оддалечените рурални области.

Но, немирите двојно се зголемија во последните неколку месеци, а владата се најде на удар на критики бидејќи не воспоставува никаков ред.

Вооружените групи извршија бројни киднапирања на студенти на почетокот на годината, барајќи откуп од семејствата на жртвите. За неколку месеци, тие киднапираа речиси 1.000 студенти.

Нов напад во улилиште во Нигерија, вооружени напаѓачи грабнале 140 деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот