Во Ница им е оддадена национална почит на жртвите од терористичкиот напад во базиликата

Премиерот Жан Кастекс, придружуван од градоначалникот на Ница Кристиан Естрози и неколку други политички фигури, како поранешниот претседател, Никола Саркози, неколку министри и претседателот на Сенатот, им оддадоа почит на трите жртви на нападот во базиликата на 29 октомври.

Премиерот Жан Кастекс претседаваше со оваа церемонија, која започна на потресен начин со пристигнувањето на портретите на трите жртви, носени од нивните роднини.

Секое семејство избра, за овој „влез на сцената”, музичка придружба: „Индиференс”, од Жилберт Беко, омилената песна на Надин Девилер, 60-годишната жртва; „Тода менина бајана” од Гилберто Гил, омилена песна на Бразилката Симоне Барето-Силва, 44 година и мајка на три деца, која им подлегна на повредите во ресторан во близина на базиликата откако успеа да избега; и Винсент Локес, 54, татко на две деца, за кого неговите роднини ја избраа рецитирањето на поемата „Утре, во зори …”, од Виктор Хуго, од актер од Националниот театар во Ница. Директорката на театарот, Муриел Мајет-Холц, го прочита прекрасниот текст на Роман Гери, „Моќ и смирувачко ветување”, кој завршува на следниов начин: „Животот само што започна; никој никогаш не умрел. Ова е нашата прва зора и, за волја на вистината, нема почеток, нема крај, нема граница, само вечниот глас на морето и нашиот немирен дух во потрага по премин”.

Ова чувство на „дежа ву” е всушност во главите на сите луѓе во Ница. Сведочи Сесил Тириет, директорка на социо-судскиот пол на здружението Монјоје, која од 29 октомври доби задолжение од страна на судовите да ги поддржи, на психолошко, социјално и правно ниво, жртвите на нападот врз базиликата.

– Сè уште следиме 400 жртви на нападот од 14 јули 2016 и кај некои од нив се појави повторно засилување на нивната психо-траума, тие требаше да разговараат за тоа со нас”, вели таа.

После говорот на Жан Кастекс и потсетувањето дека „Република не прави компромис” со непријателите на слободата, а пред се и „радикалниот исламизам”, премиерот ги одликува општинските полицајци кои интервенираа да го неутрализираат терористот. Жан-Франсоа Рикар, националниот обвинител за борба против тероризмот, веќе ја пофали нивната „храброст” и нивната „решеност” што, според него, избегна „без сомнение уште подраматичен резултат”.

Тројца добија Легија на честа затоа што пукале, едниот со електричен пулсен пиштол, а другите со својот Глок 9 мм, врз Брахим Ауисауи, погодувајќи го единаесет пати. Други тројца беа наградени со Национален орден за заслуги. Во полициската меморија, „ова е прв пат општински полицаец, во Ница, да го користи своето службено оружје”, укажува Ришард Џиананоти, директор на општинската полиција.

Во 1961 година, Ница беше првиот град во Франција што создаде ваква служба за безбедност. Денес општинската полиција брои 550 припадници.

Трите жртви добија и Медал за признание на жртви на тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот