Во немирниот судански регион Дарфур убиени најмалку 20 лица

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 20 лица во суданскиот регион Дарфур, јави ДПА.

-Вооружените лица, на коњи и камили, го нападнале селото Абудос, изјави градоначалникот на областа, Ахмед Нимер.

Дваесет и две други лица се повредени и украдени им се неколку крави, овци и други лични предмети.

Според Нимер, напаѓачите неодамна се населиле во регионот и сакаат локалните жители да ја напуштат областа за да можат сами да ја обработуваат земјата.

Нимер тврди дека владините сили, кои се стационирани во областа, неколку моменти пред нападот се повлекле од позициите и не интервенирале за да му помогнат на локалното население.

Конфликтот во западниот судански регион Дарфур избувна во 2003 година, потсетува ДПА. Владините сили и сојузничката арпаска милиција брутално го напаѓаа локалното население и во нападите досега загинаа околу 30.000 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот