Во немирите поради недостиг на вода за пиење во Иран загинаа уште две лица

иран

Еден полицаец и еден жител се убиени во југозападниот дел на Иран во текот на немирите поради недостиг на вода.

Со нивната смрт, бројот на загинати во немирите се зголеми на најмалку три, јави денеска државната новинска агенција ИРНА.

Полицаецот е убиен од огнено оружје во градот Махшар, а другиот е ранет во нога, наведе ИРНА и за смртта ги обвини „бунтовниците“, без да наведува детали.

Иранската државна телевизија подоцна јави дека „граѓанин“ е убиен во демонстрациите во местото Изех и дека уште 14 полицајци се повредени во немирите.

Третиот маж е убиен претходно на протестот.

Иран ги обвини демонстрантите за загинувањето во текот на острата пресметка на полицијата со учесниците на протестот.

Протестите веќе шести ден непрекинато траат во провинцијата Кузестан, која е богата со нафта и каде живеат етнички Арапи кои иранската шиитска теократија ја обвинуваат за дискриминација.

Речиси пет милиони жители на Кузестан немаат пристап до чиста вода за пиење, наведуваат иранските борци за човекови права.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот