Во неколку сообраќајќи во Скопје три лица полесно повредени

Tри лица се здобиле со полесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки e причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, 10 возачи за неправилно престигнување, девет возачи кои не носеле сигурносен појас и 17 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле. Санкционирани се и двајца возачи на мопед, мотор или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.

Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 87 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” отстранети биле 73 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот