Во неколку акции приведени повеќемина дилери на дрога

Неколку лица се приведени во полициски акции во земјава против дилери на дрога. Како што информира МВР, вчера во 22.30 часот во с.Жеровјане, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето А.И.(42) од с.Чегране, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен содветен поднесок.

Претходниот ден во 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија ги лишиле од слобода Б.П.(19), А.Н.(18), Ф.Д.(18), Ѓ.К.(18) и П.П.(20) од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и одземена при претрес во домот на Б.П., извршен со судска наредба.  Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитајте и...  Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

СВР Куманово на 3.12.2019 година поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.07.2019 околу 23 часот на ул.„В.Маслеша“, при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Р.(34) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 7.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во куќата во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и трамадол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 7.09.2019 во 22.30 часот пријавениот му посредувал на Т.М. од Велес за набавка на марихуана.

Прочитајте и...  Амбасадите на Белорусија во Москва и Киев под опсада: Најмалку шест лица уапсени (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Oд македонски државјанин во Драч украдени 6.000 франци и автомобил

Слободен печат

Приведен крадец, украл над 30.000 евра од куќа во с. Лескоец

Слободен печат

Дваесетгодишен скопјанец заработи кривична поради организирање турнир во мал фубал во с. Јурумлери

Слободен печат

СВР Скопје поднесе кривична против Британец, кој хакирал и измамил македонска фирма

Слободен печат

Пронајдени 10 мигранти во камион кај тетовскиот царински терминал

Слободен печат

Загина градежен работник

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тепачка на жители на Желино и Пирок во Тетово

Двајца битолчани обвинети за дистрибуција на детска порнографија

Возач е повреден во сообраќајка близу Прилеп

Во камион откриени 25 мигранти

Безживотно женско тело извлечено од Пчиња (ФОТО)

Слободен печат

Надрилекар од Неготино продавал „лекови“ по цена од 6.000 денари

Слободен печат