Во „Нефа мебел“ ќе влезат финансиската полиција и пазарната инспекција, ќе го истражуваат банкротот
Управата за финансиска полиција ќе го проверува работењето на фирмата „Нефа мебел“, откако стотина граѓани останаа измамени со наводниот банкрот на компанијата.
– Отвораме предистрага по допрен глас добиен од медиумите. И Пазарната инспекција побара да се вклучиме во проверките за измамените граѓани – велат од Управата за финансиска полиција.
Салоните на „Нефа мебел“ се затворени, а граѓани од Македонија и Србија останаа без мебелот што претходно го платиле.
Рускиот инвеститор Андреј Ходашевич ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите. Тој вели дека до 31 мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.
Директорот на „Нефа“ морал итно да замине во Русија за технички преглед на автомобилот