Во НБА се играше тажна кошарка (ВИДЕО)

Челниците на НБА лигата одлучија да не го откажуваат натпреварите иако во хеликоптерска несреќа загина Коби Брајант.

Играчите ја одработија својата задача бидејќи мораа, многумина од нив беа тажни, а некои играа и со солзи во очите поради трагичната смрт на еден од најголемите кошаркари во историјата.

Очекувано сите средби почнаа со минута молчење, и на сите натпревари во воведните напади на екипите, играчите не ги искористија 24. секунди за напад во чест на Брајант.

Емотивно беше и во Медисон Сквер Гарден, каде играа Њујорк и Бруклин, а бекот на „мрежичките“, Кајри Ирвинг, потресен од заминувањето на својот ментор, не настапи на натпреварот.

Во најтажната вечер во историјата на НБА, речиси секаде беше иста сликата, сите се обидуваа да му оддадат последна почит  на Брајант.

 

Резултати:
Њујорк – Бруклин 110:97
Орландо – ЛА Клиперс 97:112
Њу Орлеанс – Бостон 123:108
Атланта – Вашингтон 152:133
Сан Антонио – Торонто 106:110
Денвер – Хјустон 117:110
Портланд – Индијана 139:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот