Во напуштен автомобил во близина на Прешево пронајдено околу килограм кокаин

Српската полиција во напуштен автомобил во атарот на селото Чукарка во близина на Прешево, пронајде околу килограм кокаин, соопшти денес српското МВР.

Дрогата синоќа ја пронашле припадниците на Управата за гранична полиција во автомобил „пасат“ без регистарски ознаки, сокриена во пакет зад сувозачкото седиште.

Се додава дека српската полиција продолжува со интензивна работа на овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот