Во нападот мора да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната грди како мене

твитер

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, повторно брилјира со изјавите пред медиумите.

Наполи вчера со 2:0 го совлада Торино, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во финишот на натпреварот.

Со новите три бода Наполи се искачи на шестото место на табелата, но што е поважно за тренерот Гатузо е тоа што неговиот тим игра се подобро, а како се подобрува неговиот тим, така и поранешниот италијански репрезентативец брилјира со изјавите.

– Се подобруваме и мора да продолжиме во тој правец. Ми се допадна како изгледаше екипата на теренот, бевме компактни. Подготвен сум да одам до крајот за моите играчи, но тие мора да тренираат како што јас ќе им кажам. Исто така, во нападот мора да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната да бидеме навредени и грди како мене – изјави Гатузо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот