Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Фото: ЕПА

Нигериската војска објави дека 18 луѓе биле убиени за време на заседа на владин конвој кој во петокот патувал во североистокот на земјата. Убиени се 10 полицајци, четири војници и четири цивили.

Одговорноста за нападот го презема Исламска држава, која тврди дека убиле 30 луѓе, пишува Би-Би-Си.

Нападот се случил на улица која води од градот Монгуно до градот Бага. Во конвојот се наоѓале државни службеници кои биле на пат да ги завршат договорите поврзани со враќање на одселените луѓе во Бага.

Инаку, во ова подрачје војската подолго време се бори со исламски милитанти. Повеќе од 30.000 луѓе се убиени, а милиони мораа да побегнат од своите домови заради исламски милитанти Боко Харам. Тие со делувањето започнаа во 2009 година, па своите операции ги продолжија во соседните земји Чад, Нигер и Камерун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот