Во напад на ИД загинаа најмалку 19 припадници на сириските безбедносни сили

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI / илустрација

Во денешниот напад на припадници на Исламска држава загинаа најмалку 19 припадници на сириските безбедносни сили во провинцијата Хама, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Во напад на 30 декември минатата година извршен од припадници на ИД во провинцијата Деир ал Зур беа убиени намалку 30 припадници на сириските безбедносни сили.

ИД во изминатите две години претрпе големи загуби во Сирија и во соседен Ирак, но нејзини припадниците повремено извршуваат напади во двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот