Во напад на американска воена база во Кенија загинале четири терористи на Ал Шабаб

Командата на кениските вооружени сили соопшти дека во петочниот терористички напад врз американска воена база во земјата биле ликвидирани и четворица терористи, јави телевизијата Си-Ен-Ен.

Според податоците на Африканската команда на американските вооружени сили, з ашто веќе пишувавме, во нападот загинале еден американски војник и двајца цивили, кои работеле за Пентагон.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка група Аш Шабаб.

Во соопштението на кениската војска се посочува дека нападот врз авионската писта во базата бил успешно одбиен, а потоа биле пронајдени и телата на четворицата убиени терористи.

Авионската писта се наоѓа во кениската провинција Ламу, што се граничи со Сомалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот