Во Нант се среќни што Лазаров останува уште една година

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Во моментите кога Нант го прославува големиот успех со пласманот на завршниот турнур во ракометната Лига на шампионите, претседателот на клубот објави уште една убава вест.
Селекторот и капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров и во следната сезона ќе биде дел од францускиот тим откако ги договори сите детали.

– Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант – изјави претседателот тна Нант, Гаел Пелетие.
Кире Лазаров од 2017 година е член на Нант, а имаше огромна улога во пбедите на неговиот тим над Киелце и Веспрем на патот до завршниот турнир кој ќе се игра во Келн.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот