Во Нагорно-Карабах пронајдени сокриените тела на 22 ерменски војници

Фото: EPA-EFE/HAYK BAGHDASARYAN / PHOTOLURE MANDATORY CREDIT

Спасувачките екипи, кои работат во службите за итни случаи во Нагорно-Карабах, денеска ги пронашле 22 ерменски војници, чии тела беа сокреини  од локациите каде што се одвиваа воените операции, информира прес-службата на Министерството за вонредни состојби на Нагорно Карабах. 

„Спасувачките екипи ги тргнаа телата на 22 војници од Гордаиз, Џебраил и Ишандзор”, се наведува во текстот што го пренесе Тасс.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти денеска дека 2.783 војници биле убиени во судири со Ерменците околу територијата на Нагорно Карабах.

Азербејџан и Ерменија постигнаа мировен договор на 9 ноември со посредство на Русија, по што имаше големи протести во Ереван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот