Во Музеј на РСМ се отворени Европските денови на културно наследство

Во Музејот на Република Северна Македонија на 22 септември беше отворена изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“. По тој повод пред присутните се обратија Н.Е. Милан Предан, амбасадор на Словенија, Јован Шурбаноски, в.д. директор на Музејот на РСМ, и Нада Андоновска, национален координатор на Европските денови на културно наследство (ЕДКН).

Изложбата се реализира во соработка со Словенечкиот етнографски музеј од Љубљана. Автори на изложбата се д-р Нена Жидов и м-р Ања Јерин. На дваесет и седум паноа се презентирани шеесет и седум нематеријални културни елементи од Националната листа на нематеријално културно наследство на Словенија. Четири од овие елементи се впишани и на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО.

Со презентирањето на оваа изложба е означен почетокот на одбележувањето на Европските денови на културното наследство кај нас. Нашата земја годинава бележи 25-годишен јубилеј од вклучувањето во овој најголем партиципативен европски проект поврзан со културното наследство.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 98, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот